Свештеник убедил луѓе дека ќе ја победат смртта ако испијат отров за глувци (фото)

Сподели со своите пријатели

Свештеникот Лајт Монјеки од Јужна Африка се обидел да ги убеди своите следбеници дека имаат надчовечки способности и дека можат да ја победат смртта.

Свештеникот ги прскал со инсектицид верниците во лице за да ги прочисти, а неговото објаснување за тоа е застрашувачко. ВО текот на една од своите проповеди на „Натприродна служба“, им порачал на своите следбеници дека повеќе не мора да се плашат од смртта, затоа што тие нема да умрат.

Тогаш започнал да им сипува отров за глувци во шише со вода, а потоа ги повикувал да пијат од неа. Многумина биле одушевени од идејата па одлучиле да го посушаат, а тој и се придружил на масата.

Навечер сите се жалиле на болки, а недолго потоа петмина следбеници поинале, додека 13 од нива завршиле во болница поради конзумирање на овој опасен отров, додека Монјеки одбил да презеде одговорност за последиците на своите дела.

Била отворена истрага, но се уште никој не бил приведен. Изгледа дека Монјеки ќе се извлечеод ситуацијата, затоа што луѓето доброволно прифатиле да го испијат отровот, пренесуваат светските медиуми.