Свештеник садомазохист, по шестмесечна терапија е вратен како проповедник во Англија

Сподели со своите пријатели

Католички свештеник садомазохист, кој злоупотребувал момче, по шестмесечна терапија е  вратен како проповедник под надзор на кардиналот Винсент Николс, кој и го пријавил случајот кај властите.

Loading...

Квигли, попознат како „отец Џо“, како што пренесува британски телеграф, физички и сексуално го злупотребил момчето и го заклучувал во просториите на црквата. Детето тогаш имало 16 години.

– По шест месец терапија, тој е вратен во В. Британија, и поставен на ограничени задолженија. Тоа ќе рече дека Католичката црква се соочила со своите обврски, изјави обвинителот Адријан Лангдејл.

Николс, кој тогаш бил надбискуп на Бирмингем, по истрагата иницирана од него минатото десетлетие, го напушти тоа место, и сега е римокатолички надбискуп на Вестминстер.

Од 1930-тите, 78 свештеници на оваа диецеза биле обвинети за сексуална злоупотреба на деца, а 13 од нив се прогласени виновни.

Слободан Иванов


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *