Свештеник протеран од црква бидејќи неговата жена станала Мис на сексуалноста (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На свештеник од Русија му е забранет влез во црква и е протеран во мало село откако неговата сопруга победила на натпреварувањето за убавина под името „Мис на сексуалноста“.

Loading...

Оксана Зотова 32-годишната жена е омажена за православниот свештеник Сергеј Зотов и живеат во градот Магнитогорска.

Неодамна, таа учествувала на натпреварување за убавина и ја освоила титулата „Мис на сексуалноста“.

Како резултат на тоа, на нејзиниот сопруг му било забрането пружање услуги во локалната православна црква и преместен е во друга парохија во мало село одалечено околу 30 километри.

Loading...

На свештеникот му било кажано дека може да се врати ако ја натера својата сопруга да се „покае“.

Претставникот на црковниот суд, отец Феодор Саприкин, изјавил дека е голем грев кога жена на еден свештеник така ќе се изложува.

– Каков свештеник е тој, ако не може да управува со своето семејство? Како тогаш може да води црковна заедница, прашал Саприкин.

Од натрепварување, Оксана вели дека примила закани со смрт и злоставување. Вели дека и порај името на натпреварувањето, таа воопшто не е таква.

Loading...

– Не носам облека која е премногу отворена, длабоки деколтеа или прекратки сукни. Многу веројатно збунува мојот младешки стил кој е необичен. Имам поддршка од семејството и пријателите, но воа повредува. Морав да ги изгасам профилите на социјалните мрежи, рекла Оксана.

Leave a Reply