Свештеници пренесуваат масовни егзорцизми и ги пренесуваат во живо (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Етиопија некои монаси ги користат Фејсбук и Јутјуб за да собираат илјадници следбеници кои ги гледаат како модерни Месии. Тие ги снимаат своите масовни егзорцизми и крштевања и ги поставуваат на социјалните мрежи.

Loading...

– Што очекувате од мене? – вика монахот на микрофон од бината.

Момчињата пред него клечат во редови. Еден од нив ја чеша раката, главата му се движи горе-долу. Жените обвиткани во бели марами лелакаат и шкрипат со забите.

– Излечи не, одговараат тие, додека звукот на тапаните станува погласен.

Овие „верници“ присуствуваат на масовен егзорцизам, која се случил во септември во манастир во Северна Етиопија. Дошле од целата држава, но и од Европа, Америка и Блискиот исток, во потрага по олеснување од цел спектар болести – ХИВ, ментални пореметувања, професионални неуспеси, скршени срца.

Името на монахот е Јоханес Тесфамариам, а неговите следбеници веруваат дека тој поседува чудна исцелителна моќ.

– Тој е посебен. Нема да најдете налик нему во Етиопија, вели младиот Михаел Асрат, споредувајќи го со Јован Крстител.

Всушност Јоханес е дел од растечки тренд во христијанството во Етиопија, она кое е воочливо во внатрешноста на протестантските цркви, но почнува да се јавува и кај православците. Се карактеризира со харизматичен проповедник еквивалентен на американските телевизиски евангелисти, има пристап до масовните медиуми и меѓунароен изглед.

Loading...

Овие аспекти го рефлектираат влијанието на пантекостализмот, посебно протестантско движење кое го нагласува личното искуство на Бога. Оваа движење изменило некои од најстарите христијански општества, вклучително и етиопиското. Другите христијански деноминации ширум светот се повеќе ја оживуваат примената на егзорцизмот.

Јоханес често патува низ светот, ширејќи ја својат апорака и секаде собира околу 40.000 приврзаници. Она што му помага да култивира и собира толкава маса е модерната технологија.

https://twitter.com/wongeltube/status/926207350129639424

Тој ги снима своите масовни егзорцизми и крштевања и ги поставува на Фејсбук и Јутјуб, каде неговиот манастир го следат 70.000 луѓе. Неколку следбеници тврдат дека прв пат слушнале за него преку интернет.

Есхету Нета, владин претставник, наведува дека неговата сестра во Германија излекувала ‘рбетен мозок со едноставно гледање на програмат ана Јоханес на интернет и доаѓањето во Етиопија.

Од друга страна Меаза Лема, дваесет и петгодишна девојка која пати од астма, слушнала за Јоханес од својата сестра од Дубаи, која ги следела неговите снимки на Фејсбук. Оваа технолошко разбирање е карактеристичко за пантекостализмот. Како што е тоа и масовниот егзорцизам, кој се смета за најбрзорастечка пракса во африканското христијанство.

Но тоа не значи дека таквите артикулации на религијата се сосема нови. Верата, според историски извори, пристигнала во земјата во V век, заедно со монасите и мисионерите од северниот дел на Африка и Блискиот исток.

– Фокусот на чудата бил тука од самиот почеток на монашкото движење, тврди Теодрос Теклу, теолог.

Таткото на Гарим, византиски принц и еден од деветте светци на етиописката христијанска црква, славен е поради спиритуалните дарови, т.е. умешноста да ги лекува болните. Со векови во европските очи Етиопија важи за мистично христијанско царство, изолирано од надворешниот свет.

Loading...
https://www.instagram.com/p/BRgEsLDDo9v/?utm_source=ig_embed

Низ етиописката историја, имало монаси и мистици познати како „бахитави“. Тие биле номади кои биле исклучително почитувани.

Егзорцизмот и светата вода, поради која многумина станале во ред, познати се и кај другите православци, иако не во истата форма. Егзорцизмот е ретко каде изведуван во таква спектакуларна, скоро театрална форма. Светата вода традиционалнот ече само на одредени локации. На пример, многу заразени со ХИВ живеат на планината Ентото близу Адис Абабе во надеж дека тамошната вода ќе ги излекува.

Фигурите како Јоханес често предупредуваат на своите харизматични сопарници. Некои од нив собрале неверојатен број следбеници појавувајќи се кај нигериската телевизиска ѕвезда Т. Б. Џошу. Но, тие сите делат претприемнички, или како нивните критичари велат, комерцијален став кон религијата.

Во својот манастир, Јоханес продава свои ЦД-а и книги. На сајтот на манстирот се рекламира како рехабилитационен центар во кој туристите се добредојдени. Тоа е прв од петте манастири кои ги изградил досега.

– Сакам да изградам ширумс ветот, вели Јоанес додавајќи дека моментално прегорава за купување земјиште во Австралија.

Тој планира да изгради болница, училиште и универзитет во Етиопија.

– Мојата визија не е само религиозна. Јас сум инжинер, лекар, аткивист, писател и земјоделец, иако сум монах, објаснува тој.

Leave a Reply