Свечено примопредавање на директорската фунцкија во градската библиотека (фото)

Сподели со своите пријатели

Свечено примопредавање на директорската фунцкија во ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ денес беше извршена во просториите на кабинетот на градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.

Официјално нов директор е Маријан Петковски, кој фунцкијата ќе ја наследи од Нада Ивановска која од денес влегува во пензија. Новиот директор има солидно работно искуство од пет години во оваа институција и е избран како најдобар кандидат на конкурсот распишан за избор на нов директор.

Заедно успеавме да направиме повеќе проекти како што се детскиот оддел, информатичка библиотека, читална и уште многу други проекти . Се надевам дека новиот директор ќе продолжи со своите активности да му помага на градот и лично на мене”- , рече градоначалникот на општина Куманово кој на сега поранешната директорка и подари стауетка на Куманово.

12822722_962216843826436_356945299_o

Loading...

 

Ивановска цели 28 години успешно раководеше и менаџираше со гратската библиотека која доживеа голем процут во последните неколку години и важи за институција која наидуваше на поддршка и од опозициската и од позициската власт во општината.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.