Свечена седница по повод 70 – годишен јубилеј на градската Библиотека ”Тане Георгиевски”

Сподели со своите пријатели

Градската Библиотека ”Тане Георгиевски” од Куманово во среда /20 октомври/ на свечена седница ќе го одбележи 70 – годишниот јубилеј од започнување со работа, кога во 1945 година, градот доби своја прва библиотека со 1500 книги донирани од граѓаните.

Loading...

По тој повод, во НУ Центар за култура ”Трајко Прокопиев” точно напладне ќе биде одржана седница на која ќе биде емитуван хронолошки видео запис како и печатено издание за 70 – годишната работа на Библиотеката ”Тане Георгиевски”.

Одбележувањето на јубилејот започна со организирање на многу настани, промоции на книги, како и натпревар за млади библиотекари закажан за 22 октомври. Паралелно со одбележувањето на јубилејот, истиот ден Библиотеката ќе биде домаќин на караванот на Друштвото на писателите на Македонија, додека на 27 октомври ќе биде одржана промоција на книга на писателот Божин Павловски, со паралелна промоција и во ООУ ”Наим Фрашери” и промоција на книга на писателот Нехат Јахиу.

Градската Библиотека со промоција на книгата на Луан Старова закажана за 29 октомври ќе го заврши едномесечното одбележување на 70 – годишниот јубилеј.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.