Свечена седница по повод 11-ти Ноември во реновираната комитетска сала (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Во целосно реновирната комитетска сала, денеска во присуство на лидерот на опозицијата Зоран Заев, амбасадори, конзули, дипломати, гости од збратимени градови, претставници на верските институции, членови на општинската администрација и советници се одржа свечена седница по повод Денот на ослободувањето на Куманово.

Loading...

[huge_it_gallery id=”229″]

 

Свеченоста започна најпрвин со химната на Република Македонија, а прв свое обраќање пред присутните имаше претседателот на Советот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Димитриевски се осврна и на терористичкиот акт од 9-ти мај и притоа изрази почит кон сите оние кои се борат за зачувување на стабилноста  и безбедноста на Куманово.

Кога на запад се чествуваше Денот на Европа, а на исток се чествуваше победата над фашизмот, во Куманово на 9-ти мај се случи терористички акт. Дводневна војна која однесе осум човечки животи и над 30 повредени. Во име на советот и мое лично име, им искажувам почит на сите овие наши херои им одавам признание – истакна Максим Димитриевски.

На седницата беше емитуван и видео запис со настани и личности кои ја одбележаа 2015 година во Куманово, а меѓу другото акцентот е ставен на сите полиња од културата, политиката, бизнисот, спортот, но и акциите од Диво Насеље и кризата со мигрантите.

Loading...

 

 

Главното обраќање го имаше првиот човек на градот, градоначалникот Зоран Дамјановски кој даде историски осврт на градот и истакна дека Куманово со гордост го одбележува овој ден.

 

 

Свеченоста беше збогатена со настапот на градскиот женски хор со изведба на неколку музички нумери.

Loading...

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.