Свечена церемонија во Куманово по повод 22 години ЕБР

Сподели со своите пријатели

Денеска, (20.08.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати јавен повик до граѓаните за присуство на Свечената церемонија по повод одбележување на 22 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување што ќе се одржи на 23 август ,(среда) во 18:30 часот пред Градскиот базен во Куманово.

Loading...

Во изјавата за медиумите по извршениот увид во реализираниот заеднички проект на МВР и Агенцијата за млади и спорт, реконструираното кошаркарско и повеќенаменско игралиште во базата на ЕБР Полицискиот Центар „Ѓорче Петров”, министерот Спасовски истакна дека ваквото континуирано и интензивно вложување во капацитетите, особено во Единицата за брзо распоредување, претставува императив за ова раководство на МВР. Тој додаде дека задоволството е дотолку поголемо што тоа денес се покажува на дело токму два дена пред одбележувањето на 22 години од создавањето на Единицата за брзо распоредување.

Во таа насока, министерот Спасовски ги информираше граѓаните дека во рамки на овогодинешното одбележување на 22 години од формирањето на ЕБР, што ќе се одржи во Куманово, покрај Свечена церемонија во 18:30 часот пред Градскиот Базен, предвидено е во 09:30 часот во кругот на СВР Куманово да се открие Спомен обележјето на 8. загинати припадници на македонската полиција кои ги положија животите во 2015 година, во вооружена престрелка со терористичка групација во кумановско „Диво насеље”, а во одбрана на Куманово и на татковината.

„Заедно со раководството на МВР во 10:30 часот на дружба со граѓаните и со најмладите во Градскиот парк кај автобуската станица, каде што од 09:30 до 12:30 часот ќе биде изложена опрема на македонската полиција. Во оваа прилика ги поканувам сите граѓани, кумановки и кумановци од мое Куманово да присуствуваат и да се уверат во успешноста на нашиот концепт „МВР за ГРАЃАНИТЕ””, рече министерот Спасовски.