Свечен прием за првачињата во „Браќа Миладиновци“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

„Браќа Миладиновци“ беше единственото основно кумановско училиште кое денеска организираше прием на првачиња со свеченост која самите ја организираа во училишиот двор.

Loading...

Приредба приредија учениците од повозрасните одделенија, а пред учениците се обрати и директорката Марина Манојловска, која им посака среќен старт на учебната година.

Како што појасни Манојловска, сите наставници се одзвале на повикот на СОНК и пристапиле кон штрајк, освен наставничките од прво одделение кои сепак самоиницијативно сакале да им посакаат добредојте на новите ученици.

– „Браќа Миладиновци“ е рекордер по примени првачиња, околу 150 на број, за среќа доаѓаат уште и се надевам дека ќе им излеземе во пресрет да бидат запишани во нашето училиште, така да конечната бројка во овој момент е таа и се надевам дека во текот на оваа недела ќе ја заокружиме барем приближно да биде според нашите предвидени планови, изјави Манојловска.

Loading...

Што се однесува до штрајкот Манојловска вели дека не навлегува во работата на СОНК, но потенцираше дека колективот е солидарен со објавата за штрајк.

– Тоа од моја страна беше испочитувано затоа што мислам дека секој треба да си ја врши својата работа, согласно закон и сите морално-етички норми, рече Манојловска.

Инаку бројот на запишани првачиња во сите училишта бележи пад во однос на изминатите.

Loading...

Повеќе фотографии во текот на денот на нашиот Инстаграм профил.

Leave a Reply