Сулејмани пред две години побара јавно да се објават корумпираните судии

Сподели со своите пријатели

Муса Сулејмани, претседател на Основен Суд Куманово, инаку сега веќе приведен во полициската акција “УДАР” спроведена од МВР во текот на вчерашниот ден, во интервјуто за порталот АКАДЕМИК дадено само три месеци откако беше избран во август 2013 година, јавно побара, цитираме „Корумпираните судии да се кажат со име и презиме, да не се генерализира и да се руши угледот на судиите“.

Loading...

Во интервјуто, Сулејмани, инаку претходно вработен како кривичен судија, односно началник на Управата за имотни правни работи при Секретаријатот за финансии,  посочува дека тој како новоназначен претседател на О.С Куманово ќе се соочи со вистински предизвик да го врати угледот на судот и довербата на граѓаните.

„Ако продолжиме со ова темпо, Куманово ќе си го врати угледот, граѓаните ќе ја повратат довербата во судот. Оваа зграда  не е постои само за да казни некого, оваа зграда е за граѓаните, ние сме поставени да ги услужиме. Додека јас сум тука, вратите се отворени за сите. Во глобала, средствата се болна точка, ние сме со проширена дејност имаме големи трошоци, кои не можеме да ги покриеме“, вели Сулејмани во изјавата дадена за порталот Академик.

Инаку, Сулејмани заедно со уште 11 лица, по одземањето на имунитетот, вчера со наредба за спроведување на истражна постапка против 12 лица, беше приведен во полициската акција која во текот на последните 48 часа се спроведуваше во повеќе градови во земјава.

Тој ќе биде гонет поради основи на сомнение дека сторил кривично дело “Злосторничко здружување” и “Злоупотреба на службената положба и овлaстување” додека вршел висока функција во Основниот суд Куманово.

Останатите единаесетмина се гонат за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Лихварство, Изнуда и Криумчарење мигранти.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител предложи до Судијата на предходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје за сите дванаесетмина да се определи мерка Притвор.

Истрагата во обвинителство продолжува.

Loading...

Фото: Академик.мк

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.