Судот не ги призна ”бомбите” на СДСМ како законски доказен материјал

Сподели со своите пријатели

На првиот ден од имплементацијата на договорот од Пржино, Основниот Суд Скопје 1, вчера по писмен пат ја информираше јавноста дека постапувајќи по барање за издвојување на докази од списи на Основното Јавно обвинителство поднесено од адвокатот Никола Додевски, не може да се користат како доказен материјал.
Во барањето до судија на претходна постапка, наведено е дека до ОЈО Скопје поднесени се кривични пријави и се води постапка против осомничените Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Ирена Мишева, Мартин Протуѓер, Тони Трајковски и Коце Трајановски, а снимките од телефонски разговори и траснкрипти од истите приложени како доказ во предметите за сторено кривично дело треба да се издвојат како незаконски прибавени докази бидејќи согласно чл. 12 с.2 од ЗКП не може да се користат и врз нив да се заснова судска одлука, а согласно чл. 93 од ЗКП надлежен за донесување на решение за издвојување докази од списи е судија на претходна постапка најдоцна до завршување на истражна постапка, се наведува во соопштението на Основниот Суд.
Како што стои наведено, во овој случај на непризнавање на ”бомбите” како доказен материјал, аудио записите и транскриптите ќе се затворат и ќе се чуваат кај судија на претходна постапка при овој суд, одвоени од другите списи при што неможат да се користат во постапка, бидејќи согласно Законот за следење на комуникации и измените на истиот, во зависност од периодот од кога се пријавуваат осомничените, посебните истражни мерки за следење на комуникации се издаваат по барање за донесување наредба за следење на комуникациите, до надлежен судија кое се поднесува од надлежен Јавен обвинител по сопствена иницијатива или друг овластен орган согласно овој закон и наредбата се издава со ограничен рок на траење наведен во наредбата.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.