Судир на три возила во Куманово, двајца повредени

Сподели со своите пријатели

Две лица се повредени во сообраќајна незгода помеѓу три автомобили што вчера се случила во Куманово.

Loading...

– На 12.10.2023 во СВР Куманово било пријавено дека околу 17.10 часот на ул.„Доне Божинов“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „даеву ланос“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(20) од Куманово, патничко моторно возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од П.Б.(43) од Куманово и „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.З.М.(32) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Во незгодата, како што додаваат од полицијата, со повреди се здобиле М.А. и Е.П., сопатничка во патничко моторно возило „фолксваген голф, констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила од екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски