Судија нокаутираше хулиган кој влета на теренот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Линиски судија на фудбалски натпревар во бразилската аматерска лига ефективно се пресмета со еден навивач кој ја прескокнал оградата и влетал на теренот, така што го нокаутираше со еден удар.

Се играше 82та минута и домаќинот Атлетико Итумбиара губел со 4:2 од Бауру кога локалниот хулиган со пцовки и гаѓање преминал во директна пресметка. Се спуштил низ оградата, тргнал кон судијата и го турнал.

Loading...

Веднаш следувал одговор во вид на десен кроше, а пото навивачот остана да лежи покрај аут линијата.

Нападнаа сопственик на кафеана, но тој ги претепа „квалитетно“ (видео)

Следуваше бурна реакција на домашната публика која тргна да ја прескокнува оградата, а натпреварот е продолжен 30 минути подоцна, дури по пресметката на теренот во која учествувале и играчите.

До крајот немало промена на резултатот, додека нокаутираниот навивач по некое време сам го напуштил теренот.

Фото: Јутјуб принтскрин


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *