Судија го предупредува Трамп да не дава „запаливи“ изјави пред да започне судењето

Сподели со своите пријатели

Американската федерална судијка Тања Чуктан го предупреди поранешниот американски претседател Доналд Трамп да не дава „запаливи“ изјави кои би можеле да влијаат на поротата пред почетокот на судењето.

Loading...

Сепак, судијата Чуктан одлучи дека Трамп може јавно да сподели дел од нечувствителните докази што обвинителството му ги става на располагање на неговиот правен тим, пренесува Би-Би-Си.

Трамп е обвинет дека стои зад заговор за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година.

Вчерашната одлука на судијата Чуктан е удар за специјалниот советник на обвинителството, кој изрази загриженост дека Трамп би можел да открие доверливи материјали и да ги заплаши сведоците.

На 90-минутното сослушување во Вашингтон, судијата рече дека историскиот случај се одвива нормално.

„Тој (Трамп) е обвинет за кривично дело. Тој ќе има ограничувања како и секој друг обвинет. Фактот што обвинетиот е ангажиран во политичка кампања нема да му дозволи повеќе или помалку слобода од кој било обвинет во кој било кривичен предмет“, рече таа, пренесе Танјуг.

Она што му е дозволено на Трамп јавно да го открие е тема на една од неколкуте правни битки меѓу правниот тим на поранешниот претседател и федералните обвинители.