Судан: Паравојската формираше „комитет за решавање на кризата“

Сподели со своите пријатели

Командантот на паравоената група на Суданските сили за брза поддршка (РСФ) изјави дека формирал комитет за поврзување со политичките групи и бунтовничките движења со цел да се постигне политичко решение за суданската криза.

Loading...

Мохамед Хамдан Дагало, познат како Хемедти, рече дека овој потег има за цел да се постигне сеопфатно политичко решение за кризата во Судан.

„Комитетот ќе одржи широки консултации за суданската криза и најдобриот начин да се постигне сеопфатно решение со учество на сите политички, млади и општествени сили“, рече тој.

Суданската армија не го коментираше потегот на РСФ, јавува Анадолија.

Судан е без функционална влада од есента 2021 година, кога војската ја собори привремената влада на премиерот Абдула Хамдок и прогласи вонредна состојба, потег што политичките сили го осудија како „државен удар“.

Преодниот период, кој започна во август 2019 година, по соборувањето на претседателот Омар ал Башир, требаше да заврши со избори на почетокот на 2024 година.

Загинаа околу 1.000 цивили

Судан е погоден од судири меѓу армијата и РСФ од средината на април.

Во насилството загинаа околу 1.000 цивили, а илјадници беа ранети.

Loading...

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) проценува дека повеќе од 2,2 милиони луѓе се раселени поради сегашниот конфликт во Судан.

Во изминатиот период беа најавени повеќе иницијативи за прекин на огнот, но не успеаја да стават крај на конфликтите.

Минатата недела, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди дека тековниот конфликт во Судан може да доведе до граѓанска војна од целосен обем.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Судан можете да ги прочитате ТУКА.