СУДАН: Најмалку 676 луѓе убиени од почетокот на војната

Сподели со своите пријатели

Најмалку 676 лица се убиени досега во судирите меѓу суданската армија и Силите за брза акција (РСФ), се наведува во извештајот на OCHA.

Loading...

„Веќе 30 дена траат судирите меѓу суданската армија и РСФ, особено во Картум и неговата околина. Најмалку 676 лица се убиени, а 5.576 се ранети“, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA), објави Ксинхуа.

Во извештајот се додава дека повеќе од 936.000 луѓе се раселени од 15 април, а од тој број, 200.000 побарале засолниште во околните земји.

ОН проценуваат дека околу 15,8 милиони Суданци, или третина од населението, ќе имаат потреба од хуманитарна помош оваа година, а бројот може да се зголеми доколку конфликтот се одолговлекува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анталија: Автобус излега од патот, неколку загинати и повредени

На 11 мај, завојуваните страни потпишаа во саудискиот град Џеда Декларација за посветеност на заштита на суданските цивили, со цел да се олесни испораката на итна хуманитарна помош и да се гарантира безбедна евакуација на цивилите.

Сепак, двете страни меѓусебно се обвинија за прекршување на договорот и продолжување на вооружените конфликти.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Судан можете да ги прочитате ТУКА.