Судан: Градот Картум е релативно мирен по стапувањето на сила на прекинот на огнот

Сподели со своите пријатели

Релативна смиреност преовладуваше во суданскиот главен град во вторникот, вториот ден по почетокот на еднонеделниот прекин на огнот во земјата, што ги зголеми надежите за одмор од борбите и покрај сведоците кои рекоа дека слушнале пукотници во Картум.

Loading...

Армијата и паравоените сили за брза поддршка (РСФ), по петнеделни жестоки борби, во саботата договорија седумдневно примирје кое започна во 21 часот и 45 минути во понеделникот, а чија цел е да овозможи испорака на хуманитарна помош.

Договорот за прекин на огнот ги зголеми надежите за затишје во војната што протера речиси 1,1 милион луѓе од нивните домови, вклучително и повеќе од 250.000 кои побегнаа во соседните земји, заканувајќи се да го дестабилизира и онака кревкиот регион.

Ова е прво примирје на кое официјално договорија конфликтните страни по преговорите.

За прв пат, договорот предвидува механизам за следење, во кој се вклучени армијата и РСФ, како и претставници на Саудиска Арабија и Соединетите Американски Држави, кои посредуваа во преговорите во саудискиот град Џеда.

Непосредно пред да стапи на сила примирјето, РСФ објави гласовна порака од својот шеф, Мохамад Хамдан Дагал, познат како Хемедти, во која тој им се заблагодари на Саудиска Арабија и на САД, но ги повика своите луѓе да победат.

„Нема да отстапиме додека не го завршиме овој пуч“, рече тој.

Двете страни меѓусебно се обвинија за бескрупулозен обид за преземање на власта на почетокот на конфликтот на 15 април.

Loading...

Претставникот на Обединетите нации во Судан во понеделникот предупреди на растечката „етнизација“ на воениот конфликт и неговото можно влијание врз соседните земји.

„Зголемената етнизација на конфликтот го зголемува ризикот од фрлање на земјата во продолжен конфликт со неизбежни последици за регионот“, рече Фолкер Пертес на брифингот во Советот за безбедност на ОН.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Судан можете да ги прочитате ТУКА.