Најмалку 459 лица загинаа, а 4.072 се ранети во повеќенеделните вооружени конфликти во главниот град на Судан, Картум, соопшти денеска суданскиот претставник на Светската здравствена организација (СЗО).
Приклучувајќи се на брифингот за печатот на Обединетите нации (ОН) преку видео, Нима Саед Абид рече дека реалниот број на загинати најверојатно ќе биде многу поголем од потврдените случаи.
Во врска со нападите врз здравствениот сектор, Абид рече дека СЗО потврдила 14 напади од почетокот на насилството, со осум мртви и двајца ранети. Штети претрпеа и болници.
„Нападите врз здравствениот сектор се за осуда и мора да престанат“, рече Абид.
На прашањето за напорите за евакуација, Јенс Лаерке, портпарол на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, рече дека тие работат на продолжување на процесот.
„Оние кои беа преместени од Картум и сега во Порт Судан, бараме начини да ги преместиме понатаму“, рече Лаерке.
Вчера, 24 април, ОН евакуираа конвој од 700 луѓе од Картум до Порт Судан, вклучително и персонал на ОН, меѓународни невладини организации и амбасади.
Конфликтите во Судан ескалираа на 15 април со судири меѓу суданската армија и паравоените сили за брза поддршка во и околу Картум.
Во последниве месеци, несогласувањето меѓу армијата и паравоените единици се разгоре околу реформата на воената безбедност.
Реформата предвидува целосно учество на РСФ во армијата, што е едно од главните прашања во преговорите меѓу меѓународните и регионалните партии за транзиција кон цивилна, демократска влада во Судан.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Судан можете да ги прочитате ТУКА.