Суд во Индија сакаше да ги затвори сите кучиња скитници, се откажа по протестите

Сподели со своите пријатели

Врховниот суд на Индија денес ја поништи својата пресуда за кучињата скитници, наредувајќи кучињата фатени на улиците на Њу Делхи и околните области да бидат ослободени по стерилизацијата и вакцинацијата, по жестоките протести на љубителите на животни.

Loading...

Порано во август, судот нареди сите кучиња скитници во и околу Њу Делхи да бидат преместени во засолништа по зголемувањето на каснувањата од кучиња и случаите на беснило.

Критичарите на таа пресуда рекоа дека не може да се спроведе бидејќи нема доволно засолништа.

Многу љубители на животни излегоа на улиците и протестираа, а активистите за права на животните потпишаа онлајн петиција со која бараат од судот да ја поништи својата одлука.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Застрашувачки закани од Иран: Можеме да го погодиме Њујорк, срцето на Европа...

Судот денес објави дека сите кучиња фатени во последните недели ќе бидат ослободени по стерилизацијата и имунизацијата, освен оние што покажуваат агресивно однесување или знаци на инфекција со беснило.

Индија има осум милиони кучиња во засолништа и над пет милиони скитници

Поранешната федерална министерка и активистка за права на животните, Манека Ганди, за новинската агенција АНИ изјави дека е задоволна од „научната одлука“ да ги врати кучињата во нивната област.

Но, таа додаде дека судот не разјаснил што значи да се биде „агресивно куче“ и дека тоа останува сива зона.

Индиската влада објави во април дека во јануари биле пријавени речиси 430.000 каснувања од кучиња низ целата земја, во споредба со 3,7 милиони за целата 2024 година.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Макрон, Мерц и Туск во Молдавија по повод Денот на независноста

Индија има 52,5 милиони кучиња скитници, според истражувањето спроведено од „Марс Петкер“, со осум милиони кучиња во засолништа.