Субвенции за комунални услуги на ранливите категории граѓани во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Самохрани родители, стечајни работници, згрижувачки семејства, лица кои до 18 години биле дете без родители, лица со попреченост и повеќе други социјално ранливи категории во Куманово ќе добијат субвенции за трошоците за комунални услуги.

Loading...

– Самохрани родители кои живеат на територија на Општина Куманово, што подразбира родители кои сами ги извршуваат родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат, исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и должности (до 18 годишна возраст на детето или до 26 годишна возраст доколку се образува), како и самохрани родители на деца со попреченост до 26 годишна возраст, информираше денеска Цоки Ристевски од Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово.

 

 

Во оваа категорија граѓани ќе спаѓаат и стечајните работници евидентирани на соодветна листа на Здружението УНИТ, згрижувачки семејства кои имаат згрижено едно или повеќе деца без родители, лица кои до 18 години биле дете без родителска грижа, а сега имаат максимум 26 години.

–  Надоместок заради попреченост – лица кои живеат на територија на Општина Куманово со 26 години возраст, најдоцна до 65 години возраст, односто тешка или длабока интелектуална попреченост, најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице.  Лица корисници на право на социјална сигурност на старите лица, односно лице со навршени 65 години возраст;  Лица корисници на гарантирана минимална помош, исклучиво материјално и станбено необезбедени, појаснува Ристовски.

Граѓаните кои имаат некој од наведентие статуси треба да поднесат барање до општината за да можат да добијат субвенции.

Loading...

– Барањата за поднесување и за остварување на ова право може да ги подигнат во Архив на општина Куманово или во зградата на поранешен АД „Козјак “, спроти градскиот стадион каде што се наоѓа одделението за социјална заштита. Исто така сакам да ги информирам граѓаните дека општина Куманово оваа година субвенционирањето за трошоци за комунални услуги ќе изнесува 1.200 денари по семејство од кои што 900 денари ќе бидат наменети за користењето на вода, а 300 денари за изнесувањето на комунален смет, изјави Ристовски.

Барање со сите потребни документи граѓаните кои ги исполнуваат условите треба да достават најдоцна до 28 јануари.

– За дополнителните информации за остварување на ова право може да се информираат на веб сајтот на општината на кој ќе биде објавено соопштението денеска или други информации може да добијат во одделението за социјална заштита или на телефонскиот број 075 /323 -365 од 08 до 16 часот, појасни Ристовски.

Општина Куманово изминатите неколку години ги субвенционира овие ранливи категории и групи на граѓани.

Никола Ивановски