Студија: Сè уште е можно да се задржи глобалното затоплување на две нивоа

Сподели со своите пријатели

Ако владите сторат сè на што се посветени во борбата против климатските промени, светот сепак може да исполни една од двете меѓународно договорени цели за ограничување на глобалното затоплување, покажа новото истражување.

Loading...

Светот би можел да го задржи глобалното затоплување на два степени целзиусови или за нијанса под тоа, што некогаш изгледало недостижно, се вели во студијата објавена во списанието Nature.

 

Ким Џонг-ун подари луксузна куќа на својота омилена ТВ водителка (ФОТО)

 

Тоа ќе се постигне само доколку земјите ги постигнат прифатените цели за сузбивање на емисиите на јаглерод до 2030 година и доколку ги исполнат ветувањата за постигнување нула емисија на јаглерод до средината на векот, велат научниците.

Светот за два степени потопол сè уште значи сериозно нарушена клима, со посилни бури, повисоко ниво на морето, изумирање на животни и растенија, исчезнување на корали, топење на мраз и повеќе луѓе кои умираат од топлина, смог и заразни болести.

 

Loading...

И Трамп руската инвазија ја нарече геноцид

 

Сепак, студијата покажува дека светот не е на добар пат да исполни уште една меѓународно договорена цел, глобалното затоплување до 1,5 степени целзиусови повисоко отколку во прединдустриското време.

Постигнувањето на таа значајна цел, за која научниците велат дека би ја заштитила планетата во поголема мера, нема да биде возможно доколку земјите не се посветат и не постигнат нови големи намалувања на емисиите најдоцна до 2030 година, а можеби и во следните три години, велат авторите на студијата.