Студентите во Москва добија наредба да не ги напуштаат студентските домови

Сподели со своите пријатели

Некои студентски домови во Москва беа затворени, а на студентите им беше наредено да не ја напуштаат зградата.

Loading...

За оние кои се враќаат во домот, наредени се посебни безбедносни мерки при влезот, дознава Данас.

Во Руската Федерација е во тек обид за државен удар.

Во вонредното обраќање, претседателот Владимир Путин го обвини Евгениј Пригожин, шеф на приватната платеничка група Вагнер, за вооружен бунт и ги повика нејзините членови да го положат оружјето.

Бунтовниците држат дел од Ростов на Дон и бараат разрешување на министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Во Москва се воведени антитерористички мерки, а медиумите јавуваат дека Вагнер напредува кон градот Воронеж, а автопатот што го поврзува овој град со Ростов е блокиран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите го уништија еден од најголемите пазари во Европа (ВИДЕО)

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.