Вооружени развојници добија лекција, откако се обидоа да ограбат студенти на една бензинска пумпа во САД.
Канцеларијата на шерифот во Броуард, Флорида објави снимка од настанот од 24 март, на која се гледа како обидот за грабеж завршува неславно за разбојниците.
Како што се наведува во соопштението на полицијата, реагирале на дојава за грабеж околу 03:35 часот, а на лице место нашле четворица студенти ои рекле дека, додека сипувале гориво, им се доближил маж со сребрен пиштол кој го вперил во нив и рекол: „Дајте се што имате!“. Во страв за своите животи, жртвите го зграбиле напаѓачот и го фрлиле на подот. Додека се пресметувале, вториот осомничен, кој подоцна е идентификуван како Кевин Кембел започнал да ги турка жртвите од својот колега.
За време на пресметката пиштолот паднал на падот, а еден од студентите го земал и вперил во напаѓалите кои потоа избегале во црно „хјундаи“.
Жртвите ја запамтиле регистрацијата, па полицајците неполн час подоцна пристигнале до адресата на сопственикот, каде го затекнале Кембел кој избегал, но пронајден е додека се криел во грмушки.
Вооружениот напаѓач е сеуште во бегство и полицијата трага по него.
Пиштолот, сребрен Таурус калибар 9мм, украден е во 2017 година при провала во едно возило.