Две момчиња кои студираат во Орегон смислиле неверојатен начин да се збогатат на сметка на „Ејпл“.
Имено, тие на компанијата и нанеле штета проценета на скоро милион долари, така што предавале лажни ајфон телефони со тврдење дека „не работат како што треба“ поради што им пристигнувале нови, вистински мобилни уреди.
Јангјанг Зу и Куан Јианг пораначе од свој сонародник и соучесник илјадници ајфони од Кина за да потоа ги носат во продавниците на „Ејпл“ и поднесат рекламација неретко тврдејќи дека воопшто не можат да ги вклучат.
Лажните ајфон уреди сега се прават на толку убедлив начин што дури и инжинерите на „Ејпл“ не веруваат дека се автентични. Всушност на тој начин од 3.069 барања за поправка кои Зу ги поднел измеѓу април 2017та и март 2018 година, според истрагата на компанијат,а „регулирани“ се 1.493 и тоа чини 895.800 долари. Неостварените рекламации биле враќани на студентите затоа што вработените во „Ејпл“ верувале дека на нив е извршен некој вид „манипулација“ со што е поништена гаранцијата. Сепак, ниту еден телефон не е препознаен како копија.
Според обвинителите, Зу и Јианг вистинските уреди ги испраќале во Кина за да таму бидат продавани. Мајката на Јианг исто така била наведена како соучесник затоа што се верува дека таа парите од заработката ги префлувала на сметката на синот во американска банка.
Според американскиот агент за безбедност Томас Дафи, измамата е откриена откако гранична полиција запленила 95 лажни телефони кои требале да им бидат испорачани на студентите. Во март 2018 година при претрес на домот на Јианг биле откриени околу 300 фалсификувани уреди, како и инкриминирачка документација.
Дафи рекол дека Јианг во декември 2017 година признал и ја објаснил целата операција. Во таа прилика тој наводно раскажал дека испратил илјадници телефони и дека неговиот соученсик од Кина му испраќал пари преку неговата мајка. Сепак, не признал дека уредите кои ги испраќал биле копии.
Јианг е обвинет за тргување со фалсификувана стока и измама, а Зу за наведување лажни информации на извозната документација.