Студеното време донесе треска меѓу бегалците на ТЦ Табановце

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, на 5 јануари, од ТЦ Табановце на Инфективното и Детско одделение при Општа Болница Куманово се транспортирани двајца бегалци од Авганистан, каде е дијагностицирана треска.

Во меѓувреме, економски мигрант од Пакистан е превезен од Железничката станица во с. Речица до ТЦ Табановце, но, без детали за здравствената состојба на мигрантот.

Јавната Здравствена Установа ЦЈЗ Куманово, во текот на изминатите 24 часа од страна на ДДД служба при ЦЈЗ Куманово изврши  дезинфекција на 8 вагони – 1600 м.кв на Железничка станица Куманово.

Извршена е дезинфекција на 800 м.кв.простор со објекти во пунктот за помош на мигрантите во Табановце.