Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, на места со провејување на снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
Ќе дува засилен северен ветер, повремено со брзина над 60 км/час. Максималната температура ќе достигне од 0 до 8 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до повремено засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринскате температура ќе се движи околу третиот степен, а исто толку ќе изнесува и максималната.
Loading...
Утре се очекува преодна стабилизација на временската состојба и повеќе сонце.
Никола Ивановски