Студено и ветровито време

Сподели со своите пријатели

Времето утринава и во текот на ноќта беше претежно облачно, студено и ветровито со локални врнежи од снег. Дуваше умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој во Штип достигнуваше брзина над 70 км/ч.

Loading...

Променливо облачно со умерен до засилен северен ветер (на места над 60 км/час), според Управата на хидрометеоролошки работи, ќе биде времето во текот на денешниот ден.

Претпладне се уште ќе има локални врнежи од снег со послаб интензитет.

Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно и студено време. Ќе дува засилен северен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне -1 степен.

Најголема снежна покривка има на Маврово 41 сантиметри, а најмалку во Тетово, само пет.

Leave a Reply