Студенкта од Мјанмар го најтенкиот струк во светот (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Су Мох Мох Наинг (23) е студентка која тврди дека има половина која е широка само 34,7 сантиметри, а она што за многумина е уште поневеројатно, вели дека за тоа се одговорни само гените.

Loading...

Иако некои ја обвинуваат дека дигитално ги уредува фотографиите што ги објавува на својот Инстаграм, па дури и дека отстранила некое ребро или постојано носи тесен корсет за да постигне таква фигура, Су Наинг вели дека сè е природно.

 

https://www.instagram.com/p/CDZGLvsJiua/?utm_source=ig_embed

 

„Јас сум здрава и се хранам здраво, затоа нема причина да се грижам. Мислам дека нема нешто лошо во тоа како изгледам“, вели девојката.

„Уживам да позирам за фотографии и да го покажувам мојот изглед. Комплиментите ми ласкаат. Луѓето велат дека изгледам убаво“, вели таа.

 

Loading...

https://www.instagram.com/p/B_kXzlYpnCv/?utm_source=ig_embed

 

Жените со невообичаено тесни половини, како што е Етлле Гренер во Гинисовата книга на рекорди (половина од 33 см), целиот живот го поминуваат носејќи корсет за постепено да ја намалуваат половината или се подложуваат на екстремна операција за да ја постигнат посакуваната фигура.

Венецуелската манекенка Алеира Авендано носеше тесен корсет 23 часа на ден за да се постигне и одржува половината од 50 см.

 

https://www.instagram.com/p/B9UMIa6JmPf/?utm_source=ig_embed

 

Су Наинг инсистира на тоа дека нејзиниот обем на половината од 35 см не е резултат на „тренингот на половината“, и ги негира сите обвинувања за дигитална манипулација со фотографии.

Loading...

Сепак, англискиот таблоид Mail Online нагласува дека големината на половината на жената никогаш не била толку прецизно уредена, и наведува дека нејзините фотографии покажуваат знаци на „уредување околу половината“.

 

https://www.instagram.com/p/B7a6Byil4f3/?utm_source=ig_embed

 

На својот Инстаграм има и краток клип од половината, и иако е дефинитивно помал од просечната женска половината, не изгледа толку ситно како што изгледа на некои нејзини фотографии.

 

https://youtu.be/aFcLS2dB2n8

Leave a Reply