Струмичани совладани од КК Куманово со 41 поен разлика (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Со 41 поен разлика, односно резултат од 94:53, кошаркарите на КК Куманово остварија убедлива победа врз играчите на КК Струмица при вчерашниот меч кој се играше во спортската сала во Куманово.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”273″]

 

Уште во првите три минути изабраниците на Страшко Тодоровиќ со одлична игра поведоа со 10:0, предност која постојано само се зголемуваше. Најмалото водство КК Куманово го имаше во втората четвртина од натпреварот кога резултатот за момент беше 21:20, но во второто полувреме за 20 минути домашниот состав постигна дури 46 поени, наспроти 20 поени примени во својот кош од струмичани.

 

 

Крајниот резултат донесе убедлива победа на играчите на КК Куманово, кои овој натпревар го одиграа без Антони Ли Инграм кој неодамна го напушти клубот.

 

Loading...

 

Најмногу поени постигна Мишановиќ и тоа 26 со остварени три блокади, додека Трајковски постигна 14, Јанески 12, а Караџовски освои 10 поени. Во спротивниот табор најефикасен беше Андрејевиќ со псотигнати 16 поени.

 

 

Ова воедно беше последниот меч кој се одигра оваа сезона на домашниот терен, а од следната година по заздравување на повредите на паркетот со кумановци ќе биде и новиот играч Симоновски со кој ќе се оди во нови победи.

 

 

За секоја пофалба беше одличната фер навивачка атмосфера од трибините, како и неизмерната поддршка која Кумани како и секогаш ја даваат на својот клуб.