Струмичанец се обидел да поткупи службеник на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишниот Т.С. од Струмица, заработи кривична пријава од Секторот за внатрешни работи Куманово, поради постоење основи на сомнение дека стоил кривично дело „давање поткуп“.

Имено на 14.12.2015 година, на Граничниот премин  „Табановце“ пријавениот му дал поткуп од 20 евра на полициски службеник, за да му дозволи влез во Република Македонија без да го пријави на царинска контрола неговото патничко возило „рено меган“ по потекло од Р Словенија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.