Струмичанец баран за извршување затворска казна приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишниот А.Џ. од Струмица вчера онолу 7:15 часот бил приведен на граничниот премин Табановце, откако при пасошката контрола било утврдено дека се бара за издржување затворска казна во времетраење од четири месеци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Струмичанецот треба да одговара за сторено кривично дело „затајување“. Во четириесет и пет минути подоцна, односно во 8 часот бил предаден ан Секторот за внатрешни работи Куманово, за понатамошна постапка, односно предавање во затворот во Струмица.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.