Стрништа и сува трева вчера гореле на три локации во кумановско

Сподели со своите пријатели

Три интервенции во текот на изминатите 24 часа бележат вработените во Територијалната противпожарна единица Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, претежно на запалена сува трева и стрништа.

Во 14:15 часот на терен излегле двајца пожарникари со едно возило на интервенција на запалено стрниште и сува трева во атарот на селото Речица.

На опожарено стрниште било делувано и во атарот на селото Ваксинце. Тројца пожарникари во период од 14:50 до 17:00 часот интервенирале на терен.

Сува трева горела и на улицата „Доне Божинов“, спроти Спомен Костурница при што двајца пожарникари интервенирале од 16:20 до 16:35 часот.

Како причина за сите три пожари се наведува човечкиот фактор.

 

Loading...