СТРАВИЧНИ ФОТОГРАФИИ: За три дена над 300 загинати во сириска Гута (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Среде големата штета во истчна Гута, до која доведе бомбардирањето на сириските сили, лекарите се приморани да користат лекови со изминато рок на употреба и да се „гребат за вода“, а бројот на загинати достигна 300 за три дена, јавува CNN повикувајќи се на здравствените работници и активистите во земјата.

 

Loading...

 

Најмалку 260 лица се убиени, а 500 повредени од понеделник до вторник вечерта во источна Гута, енклава под контрола на бунтовниците, соопштило Сириско-американското медицинско здружение SAMD.

 

 

Меѓутоа, од групите за следење на настаните во Сирија „Дамаск медиа центар“ велат дека денеска се пријавени уште 45 жртви во источна Гута.

 

Loading...

 

Интензивното бомбардирање на источна Гута во изминатите недели, во обласка за која CNN наведува дека со години е под опсада на режимот на Башар ал Асад, предизвика осуди ширум светот.

 

 

Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнал“ тврди дека таму се причините неподносливи воени злосторства во епски размери, додека УНИЦЕФ објави празно соопштение, а во фуснотата наведе дека нема зборови со кои ќе се опише „патењето на децата“.

 

 

Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш ситуацијата во источна Гута ја опишува како пекол на земјата.

 

Loading...

 

Скоро 400.000 луѓе се заробени во градот, а на многумина им е потребна хуманитарна помош, предупредуваат ОН.

 

 

Изминатите денови семејствата се повлекле во импровизирани подземни засолништа со ограничен пристап до храна и вода додека се обидуваат да се заштитат од интензивното бомбардирање.

 

 

Loading...

Како што наведува SAMD, 13 здравствени објекти биле мета на напади во понеделник и вторник.

 

 

Од тие објекти четири се целосно уништени, а два привремено се затворени. SAMD истакнува дека се во нападите загинале тројца здравствени работници.


Leave a Reply