Стравичен земјотрес го срамни Тајван: Урнати згради, има и загинати (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Силен земјотрес во средата го погоди источниот брег на Тајван, одземајќи најмалку четири животи.

Loading...

Земјотресот со јачина од 7,4 степени предизвика уривање на неколку згради во Хуалиен, градот најблиску до епицентарот, каде што се во тек спасувачките операции.

Повеќе од 50 луѓе се повредени, а некои се заробени во згради и тунели низ градот, соопштија властите.

Најсилниот земјотрес што го погодил островот во последните 25 години бил почувствуван и во планинската внатрешност на Тајван, предизвикувајќи масовни лизгања на земјиштето.

 

 

Снимките покажуваат како зградите се тресат во главниот град Тајпеј.

Loading...

Земјотресот е блиску до копното и е плитко. Се почувствува низ цел Тајван и офшор островите.

Најсилниот е во последните 25 години, изјави Ву Чиен Фу, директор на Сеизмолошкиот центар во Тајпеј.

Три лица загинаа на патеката околу Националниот парк Тароко, именувана по познатата клисура во близина на Хуалиен, соопштија властите.

 

 

Тајванскиот гигант за чипови TSMC соопшти дека евакуирал некои од своите фабрики во Хсинчу и јужен Тајван заради безбедноста на вработените, но додаде дека неговите безбедносни системи функционираат нормално.

TSMC е главен производител на полупроводници за технолошки фирми, вклучувајќи ги Apple и Nvidia.

Loading...

Поради земјотресот, неколку околни земји издадоа предупредување за цунами, но подоцна објавија дека нема опасност од големи бранови.

Снимките од локалните медиуми покажуваат срушени станбени згради и луѓе евакуирани од домовите и училиштата.

 

 

 

Од паѓањето на фасадите беа оштетени и многу автомобили и продавници.

Според NetBlox, забележани се прекини на струја и интернет низ целиот остров.

Снимките од локалните медиуми покажуваат срушени станбени згради и луѓе евакуирани од домовите и училиштата.

Loading...

Од паѓањето на фасадите беа оштетени и многу автомобили и продавници.

Според NetBlox, забележани се прекини на струја и интернет низ целиот остров.

 

 

Хуалиен е на источниот брег на Тајван, во огромен планински регион.

Loading...

Околните градови се ретко населени.

Бидејќи главните патишта и железничките линии што го поврзуваат Хуалиен со остатокот од Тајван сега се во прекин, спасувачките тимови најверојатно ќе мора да стигнат до областа по воздушен пат.

Во септември 1999 година, земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтер го погоди Тајван, при што загинаа 2.400 луѓе, а беа уништени 5.000 згради.