СТРАШНА СЦЕНА ВО УЗБЕКИСТАН: Мајка ја фрлила својата три годишна ќерка во кафез со мечки (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Узбекистан уапси мајка која пред посетители и обезбедувачи, ја фрлила својата тригодишна ќерка во кафез со мечки во зоолошката градина во Ташкент.

Loading...

Шокираните посетители во петокот, околу пладне, со страв гледале како огромно животно трча во правец на девојчето, но за чудо не ја нападнало.

 

 

Мечката по име Зузу го намирисала девојчето, а потоа си заминала. Чуварите веднаш ја намамиле мечката во затворениот дел од кафезот и ја заклучиле, а потоа спасувачите притрчале да го спасат девојчето.

– Луѓето се обиделе да ја спречат мајката да го фрли детето во кафез, но не успеале. Детето паднало во каналот покрај оградата. Мечката веднаш истрчала да ја намириса, но потоа се свртела и заминала – изјавил портпаролот на зоолошката градина.

Девојчето при падот се здобило со тешки телесни повреди, но опасното животно кое било во кафезот не нанело никакви повреди.

Loading...

 

 

-Детето падна од висина од пет метри и се здоби со повреди на главата. Таа нема опасности по живот, но нејзината состојба интензивно се следи – соопштија надлежните.

Доколку мајката биде осудена, ѝ се заканува затворска казна до 15 години. Не е познато зошто го фрлила детето кај мечките.

 

https://youtu.be/aSemK3xLWnU