Страшна несреќа во Индија: Се запали автобус, најмалку 25 загинати (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 25 лица загинаа, а неколку се повредени кога патнички автобус се запали рано во саботата во западна Индија, соопшти полицијата.

Loading...

Несреќата се случила во областа Булдана во државата Махараштра додека автобусот бил на пат кон Пуна.

„Најдовме тела на 25 луѓе. Уште осум се повредени“, изјави за АА Бабурао Махамуни, висок полициски службеник во областа Булдана.

Тој додаде дека повредените се пренесени на лекување во болница.

Официјални лица рекоа дека истрагата е во тек за да се утврдат причините за несреќата, но прелиминарните извештаи покажуваат дека автобусот удрил во бетонска бариера и се запалил.