Стотина уапсени во Иран, властите се закнуваат со смртна казна за сите

Сподели со своите пријатели

Претседателот на иранскиот Револуционерен суд Муса Газанфарабади предупреди дека приведените демонстранти би можеле да се соочат со смртна казна.

Иранската новинска агенција Тасним објави дека некои од повеќе стотиците приведени за време на повеќедневните антивладини протести наскоро ќе бидат изведени пред суд.

– Очигледно, една од обвиненијата за кое би можеле да се теретат може да биде Мохаребех, рекол денеска обвинителот.

 

Loading...

 

АП објаснува дека Мохаребех значи војна против Бога, што е престап за кој во Иран е предвидена смртна казна.

Газанфарабади исто така рекол дека некои демонстранти наскоро ќе бидат изведени пред суд со ибвиненија за делување против националната безбедност и оштетување јавни објекти, истакнувајќи дека учеството на собири кои не ги одобрило иранското Министерствот за внатрешни работи е незаконско.

Инаку, иранскиот Револуционерен суд надлежен е за случаи кои подразбираат обвиненија за обиди со рушење влада, напоменува американската агенција.

Уште една полуофицијална иранска нофинска агенција ILNA, јавува дека во изминатите три дена за време на протестите во Техеран приведени се вкупно 450 луѓе, а притоа се повикува на Алија Асгар Насербахт, заменик гувернер на Техеран надлежен за безбедноста.

Несарбахт, рекол дека 200 демонстранти биле приведени во сабота, 150 во недела, а 100 во понеделник.

 

 

Демонстрациите започнаа во четврток во градот Машхаду, првобитно како протест поради влошување на животниот стандард, поскапување и корупција, но прераснаа во антивладини протести.

Протестите во меѓувреме се проширија на повеќе градови, а властите од тогаш не објавија официјални податоци за бројот на приведени во земјата.

иранската државна телевизија јавува дека 10 лица се убиени во изминатата ноќ во протестите ширум земјата, со што бројот на жртви по шестдневните протести прерасна во 20, наведува американската агенција.

Врховниот лидер на Иран, ахатолах Али Хамнеи ги обвини непријателите на Исламската република за потикнување немири во земјата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.