Стотици летови откажани поради снегот во Јапонија, во Кина се измерени -53 степени

Сподели со своите пријатели

Обилниот снег затрупа многу делови на Јапонија, предизвикувајќи прекин на патниот и железничкиот сообраќај и откажување на стотици летови, при што загинало најмалку едно лице.

Loading...

Невообичаено студениот фронт и системот на многу низок воздушен притисок предизвикаа обилни снежни врнежи и силен ветер низ Јапонија, а силен студ ги зафати и другите азиски земји на почетокот на оваа недела.

Најмалку 124 лица загинаа во ниските температури во Авганистан претходно оваа недела, според извештаите на медиумите, додека температурата во Мохе, најсеверниот град во Кина, во неделата се спушти на рекордни -53 степени целзиусови.

Јужнокорејскиот туристички остров Џеџу во вторникот откажа речиси 500 летови до и од својот аеродром поради суровите зимски временски услови.

Јапонија извести дека особено обилен снег паднал во областите покрај Јапонското Море.

Во градот Маниви на западот на земјата за 24 часа паднаа рекордни 93 сантиметри снег. Едно лице загина како последица на невремето, а уште две смртни случаи се истражуваат како поврзани со невремето, соопшти Владата.

Откажани се стотици летови

Домашните авиокомпании ANA и Japan Airlines откажаа повеќе од 300 летови, а на северот на Јапонија супербрзите возови се суспендирани или одложени.

Колона од околу 10 километри се формирала на автопатот во центарот на земјата, јави јавната телевизија НХК.

Loading...

Речиси 3.000 луѓе останаа заглавени на две железнички станици во Кјото во западниот дел на земјата бидејќи возовите беа прекинати поради снегот и силните ветрови, а некои спиеја на подот.

Најмалку 15 возови мораа да застанат помеѓу станиците, во некои случаи од доцна навечер во вторник до рана среда.

Некои од патниците морале да одат пешки до железничките станици каде што им било организирано засолниште.

Силните ветрови можеби предизвикаа товарен брод регистриран во Хонг Конг да потоне меѓу западна Јапонија и јужнокорејскиот остров Џеџу рано во средата.

13 од 22-та членови на екипажот се спасени, а потрагата по останатите продолжува. Смирено време не очекува ниту утре.