Стотици илјади луѓе протестираа во Аргентина

Сподели со своите пријатели

Стотици илјади Аргентинци протестираа во Буенос Аирес против кратењето на буџетот за државните универзитети, што е најголемиот протест досега против мерките за штедење на претседателот Хавиер Мајли.

Loading...

На протестот, поддржан од синдикатите во главниот град на Аргентина и пошироко, демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Брани ги државните универзитети“, „Студирањето е право“ и „Горе буџетот, долу планот на Мајли“.

Демонстрациите, одржани во вторникот, се најнов пример за зголемена тензија во земјата поради кратењата на трошоците кои помагаат да се намали големиот фискален дефицит, но предизвикува тешкотии во реалната економија, според Ројтерс.

Мајли, кој се соочува со економска криза по долгогодишното прекумерно трошење на претходната влада, користи буџетски кратења кои и помогнаа на земјата да оствари тримесечен фискален суфицит на почетокот на годината, но извршија голем притисок врз јавниот сектор.

Аргентинската влада тврди дека ова е „политички протест“, бидејќи демонстрациите биле поддржани од некои политички лидери и синдикати.

Кабинетот на претседателот објави дека нема да биде одбиено јавното образование, но дека владата ќе продолжи да инсистира на ревизија на буџетот на државните универзитети, пренесува аргентински ТН.

 

Loading...