Стотици илјади Германци следната година би можеле да добијат по 200 евра за својот роденден

Сподели со своите пријатели

Минатиот петок Бундестагот го одобри федералниот буџет за 2023 година, а според него околу 750 илјади германски граѓани за својот роденден би можеле да добијат 200 евра од државата, јавуваат германските медиуми.

Loading...

Владата сака да ги поттикне младите да одат на културни настани.

„Сакаме да го отвориме патот кон културата. Сакаме да ги заинтересираме младите за различноста на културата во нашата земја“, изјави министерката за култура Клаудија Рот од редовите на Зелените.

Тоа ќе биде таканаречена „културна пропусница“ на која ќе има 200 евра, а со тоа треба да се поддржи и културната индустрија која сѐ уште се бори со последиците од пандемијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Средствата се наменети за книги, посети на музеи и изложби, кино, концерти, театарски претстави и слично, но реализацијата се уште не е целосно јасна.

Владата издвојува 100 милиони евра

Средствата би можеле да се искористат во текот на две години, а институциите кои нудат културни содржини ќе можат да се регистрираат преку веб-страницата, а ќе биде достапна и мобилна апликација.

Владата за пилот-проектот ќе одвои 100 милиони евра, а „пропусница“ би добиле сите граѓани кои ќе наполнат 18 години во 2023 година.

Доколку проектот биде успешен, проектот би можел да се прошири на населението од 15 до 17 години.

Loading...