Стотици девојки страдаат поради нов тренд во индустријата за возрасни

Сподели со своите пријатели

Сè повеќе во светските медиуми можеме да ја прочитаме веста дека една млада жена е убиена „откако играта во креветот тргнала наопаку“. Британските медиуми деновиве ја објавуваат веста за 22-годишната Грејс Милан, задавена од партнерот за време на сексот, па затоа некои Британци решиле да зборуваат за насилството што го доживеале при сексот со новиот партнер.

Loading...

Графичкиот дизајнер Карина, на пример, вели дека нејзиното поранешно момче било прекрасно на сите полиња, но кога почнале да имаат секс, тој започнал да ја задушува.

Кога за прв пат се случило, таа била убедена дека ќе ја убие. Тој постојано бил груб со гушење и шлаканици, а наводно не му било јасно што прави лошо во тоа. Таа го убедила да престане, но по неколку месеци поривот за давење и шлаканици му се вратил.

Слична приказна има и Хелен (24), која се преправала дека ќе се онесвести, за да момчето престане да ја мачи.

Гејл Динас, професор и автор на книга за влијанието на порно филмовите врз сексуалниот живот, за се ги обвинува насилните порно филмови, што им е се достапни на момчињата на интернет уште од многу рана возраст.

„Иако овие работи се екстремни за нас, филмовите со таква содржина се први работи што момчињата ги учат за сексот. За жал, тоа е. Порастот на насилството во порно филмовите често резултира во вакво однесување. Јас ја истражував оваа тема со млади момчиња, а некои ми кажаа дека се давењето, шлаканиците и удирањето на жена во кревет е сосема нормално. Жените се колатерални жртви на порно индустријата “, вели Динас.

Момчињата, вели професорот, од денешните порно филмови учат дека сексот е насилство и честопати тие немаат друго сексуално образование освен порно, што станува се понасилно со проширувањето на интернетот.

Младите мажи го губат чувството за граница помеѓу експериментирање во кревет и насилство врз жените.

Loading...

“Ние (медиумите, филмовите) ги учиме нашите деца да мислат дека сексот е насилство. Кај момчињата тоа им го тренира мозокот да реагираат на насилството со ерекција. Тогаш телото почнува да сака насилство за да чувствува задоволство”, вели тој.

Фиона Мекензи, основач на кампањата „Не можеме да се согласиме со ова“, вели дека е клучно да се зборува отворено за темата.

„Многу млади жени велат дека дозволувале давење и не се жалеле, преправајќи се дека уживаат во тоа. Тие се под притисок да се согласат. Не верувам дека мажите кои го прават тоа секогаш се лоши, но верувам дека многумина под влијание на порно индустријата прават работи кои навистина се вистинско насилство“, вели Мекензи.

Leave a Reply