Стопанската комора ќе поднесе иницијатива за продажба на алкохол по 19 часот

Сподели со своите пријатели

Стопанската комора на Македонија денеска ќе поднесе иницијатива до Министерството за економија со која ќе бара измена на Законот за трговија со која се предлага укинување на обврската за поседување на лиценца за продажба на алкохолни пијалоци и отстранување на ограничувањето во однос на работното време за продажба на алкохолни пијалоци.

Иницијативата произлегува од барањата на компаниите членки на здружението на трговијата и здружението на земјоделството и прехрамбената индустрија при Стопанската комора на Македонија – рече Милевска Штребевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија.

Според Штребевска, ставот на стопанствениците е дека ваквите ригорозни ограничувања нандесуваат финансиски штети на трговците и компаниите од домашната индустрија за поризводство на алкохолни пијалоци.

Според комората, единствена ефикасна мерка во поглед на ограничувањата е онаа за продажба и точење алкохол на лица помлади од 18 години.

 

Loading...