Столтенберг: Турција и Унгарија да го ратификуваат членството на Шведска во НАТО без одлагање

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека очекува Турција и Унгарија да го ратификуваат членството на Шведска во НАТО без натамошно одлагање.

Loading...

Во интервју за унгарскиот сајт index.hu, објавено денеска, Столтенберг не кажа кога точно ќе се случи тоа, но посочи дека Владата на Унгарија постојано повторува дека нема да биде последната членка што ќе ја ратификува кандидатурата на Шведска во НАТО.

Тој додаде дека очекува Унгарија да ги исполни своите обврски, пренесува Ројтерс.

Шведска и Финска побараа да се приклучат на НАТО во мај минатата година, по рускиот напад на Украина.

Финска доби „зелено светло“ во април, додека приемот на Шведска го попречуваат Турција и Унгарија.

Будимпешта претходно соопшти дека ќе го одобри шведското членство откако Турција го одобри тоа.

Одборот за надворешна политика на турскиот парламент претходно овој месец го одложи гласањето за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.

Шведска ја критикуваше Турција за кршење на човековите права и демократските стандарди, а Анкара го обвини Стокхолм дека засолнува членови на групи кои Турција ги смета за терористички и побара нивна екстрадиција како чекор кон ратификација на членството на Шведска.

Loading...