Сојузниците на НАТО ќе и достават на Украина ракети за противвоздушна одбрана и противтенковско оружје, објави во понеделникот на Твитер генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додавајќи дека имал уште еден телефонски разговор со украинскиот претседател.
Loading...
„Само што разговарав со претседателот на @ZelenskyyU (Володимир Зеленски) и го пофалив за храброста на народот и вооружените сили на #Украина“, напиша Столтенберг на Твитер.
„Сојузниците на #НАТО ја засилуваат поддршката со ракети за противвоздушна одбрана, противтенковско оружје, како и хуманитарна и финансиска помош“, напиша генералниот секретар на алијансата.