Столтенберг: Сојузниците на НАТО ѝ ги доставија речиси сите ветени борбени возила на Украина

Сподели со своите пријатели

Сојузниците и партнерите на НАТО ѝ ги доставија на Украина речиси сите борбени возила што ги ветија, изјави во четвртокот, 27 април, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Loading...

„Повеќе од 98 отсто од борбените возила ветени на Украина се веќе испорачани“, изјави тој за новинарите во седиштето на НАТО во Брисел.

„Тоа значи над 1.550 оклопни возила, 230 тенкови и друга опрема, вклучително и огромни количини муниција“, додаде Столтенберг.

„Севкупно, обучивме и опремивме повеќе од девет нови украински оклопни бригади. Ова ќе ја стави Украина во силна позиција да продолжи да ја презема окупираната територија“, рече Столтенберг на прес-конференција со премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

Претходно, Столтенберг рече дека разговарал и со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за прашањето за пристапување на Украина во НАТО и безбедносните гаранции и го поканил да учествува на самитот на НАТО во Вилнус на 11 и 12 мај 2023 година.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.