Столтенберг: Руските ракетни напади се знак на слабост

Сподели со своите пријатели

Проектили погодија повеќе од 30 катни згради и приватни куќи, гасоводи и далноводи во градот Никопол во областа Дњепропетровск, а повеќе од 2.000 семејства останаа без струја, напиша на Телеграм гувернерот на Дњепропетровск, Валентин Резниченко.

Loading...

Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека руските ракетни напади се знак на слабост.

„Русија всушност губи на бојното поле“, рече Столтенберг.

Додека неговите сили го губат теренот, рускиот претседател Владимир Путин го интензивираше конфликтот со наредба за мобилизација на стотици илјади резервисти, прогласувајќи анексија на окупираната украинска територија и постојано заканувајќи се дека ќе користи нуклеарно оружје за да ја заштити Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ISW: 2025 година ќе биде клучна година за Русија. Путин постави ултиматум

Путин се закани дека ќе употреби нуклеарно оружје за да ја заштити руската почва, која, како што вели, вклучува четири региони што ги прогласи за анексија минатиот месец.

Американскиот претседател Џо Бајден во средата изјави дека се сомнева оти Путин ќе употреби нуклеарно оружје.

Висок претставник на НАТО рече дека рускиот нуклеарен напад речиси сигурно ќе предизвика „физички одговор“ од сојузниците на Украина и потенцијално НАТО.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.