Столтенберг: Реална закана од тероризмот во Европа

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја оцени како реална заканата од тероризмот во Европа.

Loading...

Столтенберг рече дека не гледа непосредна закана од воен напад врз земјите на НАТО, но дека постои постојана опасност од можност од терористички напади.

– Во Европа заканата од тероризам е реална. Работиме со нашите партнери на Блискиот Исток и Северна Африка, Јордан, Тунис, помагајќи им подобро да ги контролираат своите граници и да разменуваат информации – изјави Столтенберг за информативната програма „ТГ2“ на италијанската телевизија РАИ.

Коментирајќи ја ситуацијата на Блискиот Исток, лидерот на НАТО истакна дека затишјето во борбите во Појасот Газа „овозможило ослободување на заложниците и доставување помош на населението“.

– Повикувам на продолжување на паузата бидејќи тоа ќе им даде малку одмор на жителите на Газа и ќе овозможи ослободувањето на заложниците да продолжи – рече Столтенберг.

Тој нагласи дека НАТО „никогаш не одиграл активна улога во израелско-палестинскиот конфликт“, но се уште е активен во регионот.

– Загрижени сме поради евентуалната ескалација на конфликтот – нагласи Столтенберг.