Столтенберг разговараше со Зеленски

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека имал телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за натамошната поддршка на земјите-членки на НАТО на украинските вооружени сили.

Loading...

Зеленски му се заблагодарил на Столтенберг што ги осуди референдумите во регионите ДНР, ЛНР, Запорожје и Херсон, кои Украина и нејзините западни сојузници ги нарекуваат незаконски, објави Ројтерс.

– Разговаравме за актуелните случувања на бојното поле и за понатамошната поддршка на земјите-членки на Алијансата за вооружените сили на Украина, напиша Зеленски.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на вонреден состанок со националните директори на Алијансата за вооружување разговараше за надополнување на исцрпените резерви на оружје на Украина, се вели во соопштението на прес-службата на алијансата.

– На состанокот се разговараше за… потенцијалот на сојузничките земји и резервите на муниција. Генералниот секретар повика на обновувањето на залихите да продолжи што е можно побрзо, се вели во документот. Тој уште еднаш зборуваше за потребата од продолжување на воената и финансиската поддршка на Украина.

Тој додаде дека Европа ја очекува тешка зима.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.