Столтенберг: Пристапувањето на Финска во НАТО ќе биде историски настан

Сподели со своите пријатели

Пристапувањето на Финска во НАТО подоцна денеска ќе биде историски настан и директен резултат на рускиот напад врз Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Loading...

Тој рече дека Алијансата ќе се погрижи и Шведска да стане полноправна членка, пренесе Ројтерс.

„Претседателот (на Русија) Владимир Путин постави помалку НАТО како декларирана цел за инвазија на Украина“, изјави Столтенберг пред новинарите пред состанокот на министрите за надворешни работи на Северноатлантската алијанса, пренесува Танјуг.

Станува токму спротивното, истакна тој.

„Финска денес, а наскоро и Шведска ќе стане полноправна членка на Алијансата“, рече Столтенберг.