НАТО ги отфрли изјавите на Русија за намерата на Украина да употреби „валкана бомба“, напиша на Твитер генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг, по разговорите со шефот на Пентагон Лојд Остин и британскиот министер за одбрана Бен Валас.
„Разговарав со шефот на Пентагон и со министерот за одбрана на Велика Британија за лажното тврдење на Русија дека Украина се подготвува да употреби „валкана бомба“ на своја територија. Сојузниците го отфрлаат ова тврдење. Русија не треба да го користи ова како изговор за ескалација. Остануваме цврсти во нашата поддршка за Украина“, напиша Столтенберг.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.